Search

(Видео) Во четири дена Голден стејт покажа две лица

Голден стејт за само четири дена се прикажа во две лица во кошаркарската НБА-лига. Откако во неделата доживеа еден од најтешките порази во својата клупска историја со понижувачки пораз на гости кај Бостон од 52 поени разлика (140:88), ноќеска заиграа шампионски и победи 35 разлика против Милвоки (125:90).

Стеф Кари беше најефикасен со 29 постигнати поени, вклучувајќи шест тројки од десет обиди. Лос Анџелес Лејкер претрпеа пораз од Сакраменто со 120:130 и така паднаа на десеттото место во Западната конференција. НБА резултати: Вашингтон – Орландо 109:119, Атланта – Кливленд 112:101, Хјустон – ЛА клиперс 116:122, Филаделфија – Мемфис 109:115, Јута – Чикаго 117:119, Голден стејт – Милвоки 125:90, Портланд – Оклахома сити 120:128, ЛА Лејкерс – Сакраменто 120:130.

Треба да знаете
Последни објави