Search

ФБИ бара ирански шпион: Планирал атентати на бројни политичари

ФБИ бара шпион од Иран за кој веруваат дека е вмешан во заговор за атентат на сегашни и поранешни функционери на американската влада, пишува Би-Би-Си.

Маџид Фарахани е обвинет за планирање освета за убиство на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во јануари 2020 година во Ирак во напад со беспилотно летало.

ФБИ тврди дека Фарахани дејствувал во име на иранското Министерство за разузнавање.

Официјални лица велат дека Фарахани патува меѓу Иран и Венецуела и регрутира луѓе за „надзорни активности насочени кон верски места, компании и други објекти“ во САД.

Иранските власти ветија одмазда за убиството на Сулејмани, кој се сметаше за втора најмоќна личност во Иран во моментот на неговата смрт. Тој беше убиен на аеродромот во Багдад заедно со уште неколку Иранци по наредба на тогашниот претседател Доналд Трамп.

Силите Кудс предводени од Сулејмани се огранок на иранската Исламска револуционерна гарда, која е специјализирана за неконвенционално војување и воено разузнавање. Тие дејствуваат и надвор од Иран и поддржуваат групи како Хамас, Хезболах и Хутите во Јемен. САД ги сметаат силите Кудс за терористичка организација.

Во време на нападите со беспилотни летала во Ирак, Трамп тврдеше дека генералот е „директно и индиректно одговорен за смртта на милиони луѓе“. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи тогаш одговори на нападот, велејќи дека „криминалците“ кои го извршија нападот ќе се соочат со „жешка одмазда“.

Треба да знаете
Последни објави