Search

Елитните британски специјални сили под истрага за воени злосторства во Сирија

Петмина припадници на специјалната единица на британската армија се под истрага за можни воени злосторства извршени во Сирија пред неколку години, јавува Би-би-си.

Засега нема уапсени, но увид врши Единицата за тешки криминали при Министерството за одбрана. Голем број специјални сили на Обединетото Кралство беа распоредени во Сирија во текот на изминатата деценија во операциите против Исламската држава.

Министерството за одбрана соопшти дека сериозно ги сфаќа наводите за можни престапи. „Сите кривични пријави ќе бидат упатени во полиција за понатамошна истрага“, изјави портпаролот на Министерството.

Истрагата, наводно, е фокусирана на инцидент што се случил пред две години кога еден од џихадистите бил убиен.

Британските војници, според нивните претпоставени, употребиле прекумерна сила при апсењето на мажот, но процениле дека џихадистот имал намера да изврши самоубиствен напад и го убилe.

Сепак, министерството тврди дека ова не е изолиран случај и дека има уште „застрашувачки“ сведоштва за воени злосторства. Единиците на САС со години дејствуваат во Сирија, а до пред неколку години во Авганистан.

Исто така, во тек е истрага за тоа дали специјалните сили на Обединетото Кралство убиле цивили и невооружени луѓе во ноќните напади во Авганистан помеѓу 2010 и 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави