Search

Европската унија забележа дефицит од 291 милијарда евра во трговската размена со Кина во 2023 година

Минатата година Европската унија забележа дефицит во стоковната размена со Кина во износ од 291 милијарда евра, што е за 27 отсто помалку од трговскиот дефицит со Кина во 2022 година, објави денеска Евростат.

Во 2023 година, Кина беше најголемиот трговски партнер на Европската унија во увозот и трет по големина во извозот, според веб-страницата на Евростат.

Минатата година Европската унија најмногу увезла телекомуникациска опрема од Кина во вредност од 56,3 милијарди евра, електрични машини и апарати за 36,5 милијарди евра и машини за автоматска обработка на податоци за 36 милијарди евра.

Во периодот меѓу 2013 и 2023 година, Европската унија постојано бележи дефицит во трговската размена со Кина и тој варира помеѓу 104 милијарди евра во 2013 година и 397 милијарди евра во 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави