Search

Девојче и момче во Австралија пливале во туѓ базен, 45-годишен маж ги врзал

Маж од западна Австралија е обвинет за тежок напад откако ги врзал децата кои ги затекнал како пливаат во базен на имот каде немало никој. Како што јави Би-би-си, полицијата соопшти дека маж врзал шестгодишно девојче и две момчиња на возраст од седум и осум години, откако ги видел како пливаат во базенот.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледаат две расплакани и врзани деца. Официјалните лица велат дека се „згрозени“ од видеото, а полицијата повика на мир во заедницата.

Властите соопштија дека 45-годишен маж им се јавил во понеделникот за да го пријави инцидентот во Брум, околу 2.000 километри северно од Перт, велејќи дека ги нашол децата во базенот. Полицајците кои излегле на терен виделе две деца врзани со пластични врвци, а подоцна го пронашле најстарото момче кое побегнало од местото на настанот, соопшти западна австралиската полиција.

Видеото, кое е широко споделено на интернет, прикажува две деца, кои изгледаат како домородни, на патека. Луѓето кои не се гледаат на видеото го повикуваат човекот да ги пушти.

Болничарите ги прегледале двете деца на местото на несреќата и набрзо ги вратиле кај нивните семејства, соопштија властите. Полицијата соопшти дека мажот „употребил непропорционална сила“ врз децата со оглед на нивната возраст и ранливост.

Треба да знаете
Последни објави