Search

Аеродромот во Франкфурт утре ќе биде затворен поради штрајк

Поради штрајк на персоналот за безбедност на аеродромот, утре ќе биде затворен најважниот германски воздухопловен центар, аеродромот во Франкфурт.

„Бидејќи нема да има контрола на патниците, пристапот на патниците до аеродромот е спречен и затоа одлучивме да го затвориме аеродромот за сите патници кои треба да полетаат од Франкфурт“, изјави портпаролот на компанијата „Фрапорт“ која управува со аеродромот во Франкфурт.

Во моментов не е познато како овој штрајк ќе влијае на патниците кои се поврзуваат во Франкфурт, со оглед на тоа што дел од авионите слетува според планираното. Од планираните 1.170 пристигнувања и полетувања, досега се откажани 650.

В петок штрајкува и персоналот на компанијата Луфтханза, на која отпаѓаат две третини од летовите во Франкфурт, па се уште не се знае како ќе одвива сообраќајот тој ден. Синдикатот Верди го повика персоналот на копнената служба на Луфтханза на дводневен штрајк. Вработените во обезбедувањето штрајкуваат само утре.

Вториот најважен меѓународен центар на Луфтханза, аеродромот во Минхен, останува отворен, но не се знае колкав сообраќај ќе се одвива.

Во исто време со штрајковите на аеродромите ширум Германија, утре во 2 часот започнува 35-часовен штрајк на машиновозачите, кој во најголем дел ќе го парализира железничкиот транспорт во Германија.

Треба да знаете
Последни објави