Search

Бугарскиот премиер Денков поднесе оставка

Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка и му го отвори патот на коалициониот партнер, централно-десничарската партија ГЕРБ, да ја води владата според договорот постигнат по минатогодишните избори.

ГЕРБ и прозападниот блок на кој припаѓа Денков минатата година потпишаа договор според кој министерката за надворешни работи и поранешна еврокомесарка Марија Габриел ќе ја преземе премиерската функција откако Денков ќе го заврши својот деветмесечен мандат.

Бугарската агенција БТА објави дека оставката на Денков ќе биде проследена до парламентот. Не беше кажано кога Габриел ќе положи заклетва.

Весникот „Софија глоуб“ предупреди дека и покрај договорот, коалицијата може да се распадне поради спорови меѓу партнерите за тоа како да се продолжи по оставката на Денков.

ГЕРБ инсистира Габриел да ја задржи и функцијата министер за надворешни работи покрај премиерската функција и предлага ротација на секои 15 наместо девет месеци. Преговорите се уште се во тек за двете прашања.

Се очекува двете страни до петок да објават дали постигнале договор.

Треба да знаете
Последни објави