Search

И денеска лажни дојави за бомби на белградскиот аеродром

На аеродромот „Никола Тесла“ денеска е добиена дојава за поставени експлозивни направи во два авиони, за кои при безбедносна проверка било утврдено дека биле лажни.

Дојавата за поставени експлозивни направи во авиони е примена околу 14 часот и 10 минути. Авионите веднаш биле прегледани, а безбедносната проверка била завршена во 16 часот и 50 минути.

Лажни дојави за бомби на аеродромот имаше и синоќа поради што доцнеа полетувањата од белградскиот аеродром.

Треба да знаете
Последни објави