Search

Билјана Ванковска собра над 10.000 потписи и влегува во претседателската трка

Партијата Левица објави дека ги собра потребните 10.000 потписи за претседателска кандидатура на Билјана Ванковска.

„Левица има претседателски кандидат. Проф. Билјана Ванковска ќе биде претседателка на Република Македонија! Ви благодариме на поддршката од над 10.000 потписи за оваа заедничка борба“, стои во објавата на Левица.

Потребните потписи досега ги собраа кандидатите: Бујар Османи, Арбен Таравари, Максим Димитриевски и Стевчо Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави