Search

Лажни дојави за бомби во Охрид

Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди  за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес. – Во координација со јавен обивнител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави Димоски. Повеќе детали околу дојавите не сподели, освен дека се работи за едно училиште и една фабричка хала. Поради дојава за поставена експлозивна направа, според информации на МИА евакуирани биле учениците во основното општинско училиште „Братство единство“, но по проверките вратени биле на настава.

Треба да знаете
Последни објави