Земјотрес со интензитет од 5,1 степен ја погоди западна Јапонија, нема опасност од цунами

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денеска во префектурата Ехиме во западна Јапонија, соопшти Националната метеоролошка служба.

Епицентарот на земјотресот бил во северозападниот дел на Ехиме на островот Шикоку, на длабочина од 50 километри. Нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е објавена опасност од цунами.

Треба да знаете
Последни објави