Гутереш: Конфликтите во Газа и Украина „сериозно и можеби фатално го поткопаа“ авторитетот на Советот за безбедност на ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази жалење што Советот за безбедност на ОН не успеал адекватно да одговори на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и руската инвазија на Украина, и рече дека овие конфликти „можеби фатално“ го поткопале авторитетот на најважното тело на светската организација.

Тој ова го истакна денеска за време на отворањето на 55-та седница на Советот за човекови права на ОН во Женева, истакнувајќи дека Советот за безбедност често се наоѓа во ќорсокак и дека „не е способен да преземе активности за најважните прашања за мирот и безбедноста во наше време“.

„Недостигот на единство во Советот за руската инвазија на Украина и израелските воени операции во Газа по ужасните терористички напади на 7 октомври сериозно, а можеби и фатално го поткопаа неговиот авторитет“, рече генералниот секретар на ОН.

На Советот, додаде Гутереш, му требаат сериозни реформи во однос на неговиот состав и неговите методи на работа.

Треба да знаете
Последни објави