(Фото) Таравари се мачи со потписите, ќе се откаже ли Бујар Османи ако градоначалникот на Гостивар не собере 10.000 потписи?

Четири дена изминаа од предвидените за собирање на 10.000 граѓански потписи за кандидатурите за претседател.

По број на собрани потписи на врвот е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи со собрани 8.560, додека втор е Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ со 5923 потписи, а добар број на потписи имаат и Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Но она што изненадува е прилично искиот број на собрани потписи на Арбен Таравари, кој за четири дена собрал „само“ 1.645 потписи што е прилично малку имајќи предвид дека тој е заеднички кандидат на здружената опозиција во албанскиот блок.

Иако се уште има доволно време до 8 март и крајниот рок за собирање потписи, се уште не се знае дали сето ова е некаков трик на коалицијата ВРЕДИ кој застана зад Таравари, или градоначалникот на Гостивар по расколот со Зијадин Села навистина нема поддршка меѓу граѓаните.

Но што ако Таравари не успее да собере доволно потписи за кандидатурата? Според некои извори, во тој случај, можно е од својата кандидатура да се откаже Бујар Османи имајќи предвид дека ДУИ излезе со свој кандидат единствено за да ја пресретне кандидатурата на албанскиот опозициски блок.

Што од тоа ќе е случи останува да видиме за нешто повеќе од десеттина денови.

Треба да знаете
Последни објави