Митрески се обрати во украинската Рада на двегодишнината од почетокот на руската агресија

На покана од претседателот на Врховната рада на Украина Руслан Стефанчук, по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија на Украина, претседателот на македонско Собрание Јован Митрески денеска се обрати на специјалната седница на Врховната рада на Украина.

Во своето обраќање, пред украинските пратеници и високите гости, Митрески ја потврдил цврстата, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност за Украина, украинскиот народ и украинските институции, нагласувајќи дека граѓаните на Република Северна Македонија се, и остануваат со граѓаните на Украина за сета помош и поддршка што е неопходна.

„Демократскиот свет е обединет во поддршката на Украина во борбата за правда, одбрана на нејзината територија и одбрана од империјалните апетити на нејзиниот сосед. Руската агресија врз Украина е предупредување за сите дека мирот, независноста и слободата не треба да се земаат здраво за готово. Цврсто верувам дека, како и досега низ историјата, демократските вредности ќе ја победат агресијата, а соработката ќе се насочи кон разговори за подобар животен стандард, просперитет и развој, културна соработка и размена“ објави Митрески на својот Фејсбук профил.

Треба да знаете
Последни објави