Полицискиот синдикат му порача на Џафери политичката кампања да се води надвор од институциите

Независниот полициски синдикат денеска побара од техничкиот премиер Талат Џафери политиката и политичките кампањи да се водат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели. Синдикатот се огласи со оваа реакција по вчерашната ненајавена посета на Џафери на СВР Тетово, каде неовластено упаднал и неовластено снимал вработени кои ги извршуваа своите работни задачи и им се обраќал со повисок тон.
Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците. -Да реагираат и да ги спречат притисоците врз вработените, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече Гоце Делчев, претседателот на Синдикатот.

Треба да знаете
Последни објави