Во Штип одбележан Светскиот ден на извидниците со повеќе од 500 активисти од земјава

По повод  Светскиот ден на извидниците, денеска во Домот на млади во Штип се одржа централната прослава. Учество земаа 520 извидници  и 60 волонтери од тринаесетина градови од државата. Дарко Тошиќ од извидничкиот одред во Штип рече дека одбележувањето на самиот ден се заокружува со три паралелни настани – изложба, крводарителска акција и запознавање на историјатот за Штип, а се реализираат во просториите на Дом на млади – Штип. – Околу 500 извидници ширум земјата ќе одат да посетат девет културни точки за запознавање на град Штип. И секако имаме галерија, односно имаме изложба на стари фотографии, опрема и униформи, сето она што е карактеристично за извидниците. Посетителите ќе имаат можност да ги забележаат и воочат разликите од пред 50 години, па се до денес, како еволуирало извидништвото и што е она што го задржуваме. Паралено на тоа се организира традиционална крводарителска акција за нашиот град, вели Тошиќ

Треба да знаете
Последни објави