Барселона се израдува на убедлив триумф

Барселона се израдува на убедлив триумф од 4:0 против Хетафе на Монжуик, во 26. коло од шпанската фудбалска Ла лига. Серијата погодоци ја почна Рафиња во 20. минута. По осум минути игра во вториот дел (53 минута) и Жоао Феликс се запиша во листата на стрелците за предност на Барса од 2:0. Во 61. минута Рафиња беше во улога на асистент, а Де Јонг реализатор за 3:0. Тука беа решени сите дилеми околу победникот на овој меч. Во првата минута од судиското продолжение Лопез го постави конечниот резултат 4:0. Со овој триумф Барселона времено се проби на втората позиција на табелата, прескокнувајќи ја Жирона која в понеделник ќе го одигра мечот од ова коло прптив Рајо Ваљекано.

Треба да знаете
Последни објави