Search

Широка јавна поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски

Во период кога се официјализираат кандидатурите за претседател на државата, се чини дека еден кандидат, барем по јавната поддршка што ја добива, се издвојува од останатите.

Станува збор за актуелниот претседател Стево Пендаровски за кого со отворена поддршка овие три дена излегоа многу јавни личности.

Прв со јавна поддршка преку видео обраќање излезе архитектот и граѓански активист Тони Поповски.

По него, со јавна поддршка на социјалните мрежи се појавија и писателот Зоран Спасов – Ѕоф, урбаната легенда Васко Тодоров (Тошо од К-15), а денеска со своја поддршка за нов мандат на Пендаровски излегоа и актерки, певици, граѓански активисти.

Оперската певица Весна Илкова преку статус на социјалните мрежи даде поддршка за нов мандат на Пендаровски.

„Мојот претседател Стево Пендаровски! Човек кој ја вреднува културата, уметноста, творештвото со дела.Ги обедини и вреднуваше различните музички, драмски, писателски, творци и жанрови.
Директен,со јасна мисла и остроумност. Ми ја довери одговорноста за изведба на државната химна на РСМ на високи настани, ми ја довери одговорноста како член во комисија за доделување ордени! Како уметник и човек благодарност! Давам поддршка за неговиот втор мандат“ вели Илкова.

И познатата актерка Несрин Таир преку видео обраќање ја изрази својата поддршка за Стево Пендаровски.

„Кога велам претседател, мислам на државник зајакнат со квалитети на хуманост и на чесност, авторитет кој храбро ја промовира нашата земја Македонија на меѓународен план. Мислам на човек со големо „Ч“ кој ги разбира и бара да се унапредат демократските права на нашите сограѓани. Кога велам претседател мислам на космополит, мислам на пријател на уметноста, на чест посетител на театрите. Кога велам претседател мислам на Стево Пендаровски“, вели Таир.

Поддршка даде и аналитичарот Рамадан Рамадани кој смета дека Пендаровски е симболот на заедништвото на нацијата и дури е дозволено да имаме наши ваши, партии и политичари, претседателот треба да е за сите наш.

„Да не изгледа дека суптилно преку анализа се обидувам да објавам подршка за претседател на Македонија да кажам и јасно и директно дека претседателот Стево Пендаровски го подржувам и за овој мандат, токму заради овој принцип. Тој беше и е наш маалски претседател по тоа што знае што е мааало. Беше и е селски по сите запоставени села кои ги знае и ги посети. Секако градски заради секој град и гратче кое не го заборави и светски; светот го знае и научно и каде достојно не претстави и ќе продолжи да не претставува“ вели Рамадани.

Според законските рокови од денес па до 8ми март трае собирањето на потребните 10.000 потписи за кандидатурите за претседател, по што ќе се знае и конечниот број на кандидати на претседателските избори.

Првиот круг од изборите е на 24 април, а вториот на 8 мај.

Треба да знаете
Последни објави