Search

Седиштето на агенцијата за спречување на перење пари на ЕУ ќе биде во Франкфурт

Претставниците на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент синоќа одлучија седиштето на новата агенција на ЕУ за борба против перење пари да биде во Франкфурт, соопшти белгиското претседателство.

Одлуката за формирање на Агенција за спречување перење пари (АМЛА) беше донесена во 2021 година како дел од поголем пакет за борба против перење пари и финансирање тероризам.
Девет европски градови се натпреваруваа да бидат седиште на новата агенција: Виена, Рим, Вилнус, Рига, Франкфурт, Даблин, Мадрид, Брисел и Париз.

АМЛА ќе започне со работа во средината на 2025 година и ќе има повеќе од 400 вработени.

Новата агенција го претставува главниот елемент на реформата на рамката на ЕУ за спречување на перење пари. АМЛА ќе има директни и индиректни надзорни овластувања и овластувања да наметнува санкции и мерки.

Европската унија претходно немаше заедничко тело за контрола на валканите пари и се потпираше на националните регулатори, но земјите-членки не секогаш соработуваа целосно. 

Треба да знаете
Последни објави