Search

„Кале“ распродадено за дуелот Македонија – Естонија, парите од влезниците ќе бидат донирани за лекување на Леонид

Македонската машка кошаркарска репрезентација вечерва во „Кале“ (19 ч.) ги почнуваа квалификациите за ЕП-2025 против Естонија. Пресметката меѓу овие две селекции на крајот од квалификациксиот циклус во групата „Х“ може да има решавачка улога кој ќе биде третиот патник на завршницата од евро-баскетот. Поради овој факт, македонските кошаркари ќе имаат максимална поддршка од трибините да обезбедат победнички старт. Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека се продадени сите влезници за вечерашниот натпревар против Естонија, а средствата одлучи да ги намени во хуманитарна цел. Ќе ги донира за лекување 18-годишниот Леонид Индов кој се наоѓа во болница во Виена. За лекувањето на Индов се потребни 140 илјади евра, а сите граѓани можат да донираат преку телефонските броеви 143-118 (Т-Мобиле) и 143-500 (А1).

Треба да знаете
Последни објави