Search

Во Белград разбиена банда киднапери, уапсени Ирачани, Јорданци и Сиријци

Во голема акција на МУП на Србија и Вишото јавно обвинителство во Белград е уапсена меѓународна банда киднапери.

Група уценувачи составена од државјани на Ирак, Јордан и Сирија на 10 февруари во општина Младеновец јужно од Белград киднапирале двајца Сиријци и ги затвориле во изнајмена куќа, јавуваат српските медиуми.

Жртвите биле чувани во посебни соби, со лисици на рацете, а нозете со пластични врвки, биле тепани со дрвени шипки и со закани со убиство, принудувајќи ги да бараат пари од нивните семејства за да не ги лишат од животот и да ги ослободи, давајќи им рок за уплата до 13.02.2024 година до 10 часот.

Поради тоа, оштетените контактирале со нивните семејства преку видео повици од мобилни телефони кои им ги дал осомничениот, при што преку видео повици им упатувале смртни закани со вперен пиштол во главите на киднапираните Сиријци. Оштетениот Ф.Б. морал да побара откуп во износ од 200.000 евра, а М.К. износ од 100.000 евра.

Повредените во наведената куќа биле задржани до 13 февруари, кога биле приведени од полициски службеници.

На предлог на обвинителството, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград им одреди мерка притвор поради опасност од бегство и за да не влијаат врз сведоците.

Треба да знаете
Последни објави