Search

Апелација го одби барањето за таткото на Вања да биде ослободен од притвор

Таткото Александар Ѓорчевски на свирепо убиената 14-годишната Вањa која беше киднапирана, а потоа убиена во декември минатата година, останува во притвор. Вака пресуди Апелациониот суд Скопје по барањето на одбраната на Ѓорчевски за укинување на неговиот притвор. Барањето за укинување на притворот Апелација го одби како неосновано. -Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, информираа денеска од скопска Апелација. Обвинителството го сомничи таткото на Вања за кривично дело помагање во киднапирање и бара тој да остане во притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Треба да знаете
Последни објави