Search

„Џокерот“ Арнаутовиќ му обезбеди предност на Интер за реваншот во Мадрид

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Интер ја искористи предноста на домашниот терен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите во двомечот со шпанскиот Атлетико Мадрид за минимален триумф (1:0), што не беше случај со холандскиот ПСВ кој на реваншот кај бундеслигашот Борусија Дортмунд ќе патува без предност (1:1). „Нераѕурите“ славеа со 1:0 во очекувано тврд натпревар, без многу шанси и без особена динамика. Атлетико, како и обично, се насочи на одбрана на својот гол и малку недостасуваше да замине од Милано непоразен. Бедемот пред голот на голманот Облак го урна австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ кој влезе во второто полувреме на местото на повредениот Турам. Противничката мрежа ја затресе во 79. минута. Борусија на гостувањето кај ПСВ прва поведе преку Мален во првото полувреме, а израмни Лук де Јонг во 56. минута од пенал.

Треба да знаете
Последни објави