Search

Халанд се погрижи за три бода да прокнижи Манчестер сити

Актуелниот англиски и европски фудбалски шампион Манчестер сити вечерва во заостанат натпревар од премиерлигашката конкуренција против Брентфорд прокнижи важни три бода со минимален триумф од 1:0. Стрелец на единствениот гол беше најдобриот голгетер во Премиер лигата, норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд во 71. минута. Норвежанецот доби одлична топка од Алварез, искористи тоа што еден противнички фудбалер се лизна, излезе сам пред голманот на Брентфорд и рутински го совлада. „Граѓаните“ по овој меч се на втората позиција на табелата со 56 бода, еден помалку од лидерот Ливерпул. Овие две екипи, заедно со Арсенал до крајот на сезоната ќе водат битка за титулата во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави