Search

Мирниот и масовен протест на земјоделците во Атина заврши со оставање на тракторите паркирани пред Парламентот

Мирно и масовно заврши протестот на земјоделците во Атина, кои нивните трактори, над 150 ги оставија паркирани пред грчкиот Парламент, каде што ќе останат во текот на ноќта, јави дописничката на МИА од Атина. Грчките земјоделци од повеќе делови на Грција пристигнаа во Атина. Поддршка на протестот имаат од синдикатите, од разни здруженија, но и од студентите. Со слоганите „Без земјоделци, нема храна“, „Денеска е погребот на сточарството“ закачени на транспаренти на тракторите, но и црни знамиња, земјоделците се собраа на плоштадот Синтагма за уште еднаш на повторат дека не се откажуваат од нивните барања.  Во разговор со дописничката на МИА од Атина објаснуваат дека од Владата бараат уште пониски цени на струјата, но и земјоделската нафта да биде ослободена од данок. 

Треба да знаете
Последни објави