На автопатот Скопје-Велес возило излетало од патот

Вчера во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, патничко моторно возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(70) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави