Search

Срамота е заради нечии партиски интереси, да се жигосуваат млади уметници, смета министерката Костадиновска-Стојчевска

Срамно е политички да се жигосуваат и дискфалификуваат колеги и уметници заради партиски интереси, тое не е во ред, така се обесхрабруваат особено младите уметници кои треба да останат да работат тука, кажа на денешниот брифинг со новинари министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Осврнувајќи се на резултатите од годишната програма и реакциите во јавноста, министерката истакна дека средствата се распределни врз основа на критериуми и услови кои однапред биле објавени и познати на сите апликанти.

„Комисиите што ги утврдија проектите што добија финансиска поддршка во рамките на Годишната програма на Министерството за култира ја направија распределбата на средствата предвидени во секоја програма единствено врз основа на критериумите и мерилата за оцена на проектите се содржани во Годишните конкурси кои беа претходно и јавно објавени и им беа познати на сите апликанти. Тие критериуми се однесуваат на креативноста, на иновативноста и на уникатноста на проектите, на премиерни изведби, на поддршка и промоција на млади музички уметници, на проектите за афирмација и негување на традициите„ кажа таа.

Министерката за култура на брифингот со новинарите објасни дека никогаш претходно сите имиња на членови на комисиите кои одлучуваа по програмите, не биле објавени јавно.

„Никогаш членовите на комисиите кои одлучуваа по програмите на годишниот конкурс за финансирање проекти во културата не биле јавно и транспаретнто објавени, а беа објавени кога заврши конкурсот за да не бидат изложени на влијанија и ургенции“ рече Костадиновска Стојчевска.

Министерката издвои примери од порано кога се финансирале проекти кои останувале на хартија и не биле вооошто реализирани, денес и во последните години, целиот процес околу Годишната програма е целосно транспарентен.

„За разлика од порано, кога Министерството за култура даваше милиони за филмови и документарци кои никогаш не ги видовме, сега буџетски средства се издвојуваат неселективно и транспарентно за поддршка на културата, при што нема географски, етнички и слични критериуми, туку врз основа на строго дефинирани услови, посочи таа додавајќи дека се финансирал документарен филм со 12 милиони денари, но и други ТВ серии и играни филмови, кои никогаш не бил воопшто снимени.

Треба да знаете
Последни објави