Search

Холандскиот суд забрани извоз на делови за воени авиони во Израел поради Газа

Холандскиот суд денеска и нареди на владата да го запре извозот на делови за борбени авиони Ф-35 во Израел поради загриженоста дека нивната употреба во војната во Газа го прекршува меѓународното право.

Апелацискиот суд и даде рок на државата од седум дена да постапи по таа одлука, што следи по загриженоста на Европа и светот за страдањата на цивилите. Израел негира дека ја злоупотребил опремата, тврдејќи дека се бори против милитантите на Хамас кои сакаат да го уништат Израел.

„Неоспорно е дека постои ризик извезените авионски делови Ф-35 да се користат за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, рече судот, одлучувајќи во корист на тужба против холандската држава покрената од групи за човекови права, вклучително и холандскиот огранок на Оксфам, меѓународната хуманитарна организација за борба против сиромаштијата.

Владата најави дека ќе се жали до Врховниот суд, наведувајќи дека надворешната политика треба да ја води државата, а не судот.

Холандија е дом на едно од неколкуте регионални магацини за делови за F-35 во сопственост на САД, кои се дистрибуираат до земјите што ги бараат. Најмалку една пратка е испратена во Израел од 7 октомври.

Треба да знаете
Последни објави