Search

Личните работи на Елтон Џон на аукција: За костими и Бентли се очекуваат 10 милиони долари

Аукциската куќа Кристи понуди на продажба околу 1.000 предмети од њујоршкиот дом на британската поп ѕвезда Елтон Џон, јавува Би-Би-Си.

Листата вклучува некои од најпознатите костими на познатиот музичар, чизми на платформа и луксузно возило Бентли.

Се продаваат и садови, мебел, концертен пијано, а аукциската куќа очекува продажбата да донесе повеќе од 10 милиони долари.

Елтон Џон е меѓу 19-те уметници во светот кои го имаат таканаречениот статус „Егот“, односно наградите Еми, Греми, Оскар и Тони.

Треба да знаете
Последни објави