Search

Борел ги повика САД да ја преиспитаат воената помош за Израел

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска ги повика Соединетите Американски Држави да ја преиспитаат воената помош за Израел поради големиот број цивилни жртви во војната во Газа.

„Па, ако мислите дека се убиени премногу луѓе, можеби треба да обезбедите помалку оружје за да спречите толку многу луѓе да бидат убиени. Ако меѓународната заедница верува дека ова е масакр, дека се убиваат премногу луѓе, можеби треба да размислиме за набавка на оружје“, изјави Борел за новинарите по состанокот на министрите за развојна помош на ЕУ во Брисел.

Тој потсети дека американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела изјави дека одговорот на Израел на нападот на Хамас на 7 октомври е „претеран“, а американските власти повеќепати рекоа дека премногу цивили се убиени во Газа.

Треба да знаете
Последни објави