Search

Во Гватемала запленет половина тон кокаин: Дрогата била скриена во контејнер

Властите на Гватемала заплениле 525 килограми кокаин сокриен во контејнер испратен од Костарика и оставен во пристаниште на брегот на Тихиот Океан, соопштија локалните власти.

Контејнерот е пронајден во просториите на пристанишната компанија АПМ на околу 110 километри од главниот град, соопштија надлежните, додавајќи дека потрагата по дрога продолжува бидејќи има уште шест сомнителни контејнери.

Полицијата соопшти дека пратката пристигнала од Костарика и дека засега нема уапсени.
Меѓународните картели ја користат Централна Америка, со помош на локални шверцери на дрога, за транспорт на дрога во Мексико и САД.

Во Гватемала минатата година беа запленети повеќе од три тони кокаин, што сепак е намалување за околу 50 отсто во однос на 2022 година.

Според Вашингтон, 90 отсто од кокаинот што влегува на територијата на САД поминува низ Мексико и Централна Америка со авиони, чамци и подморници.

Треба да знаете
Последни објави