Партиските Собрание го разреши Таравари од позицијата лидер на Алијанса за Албанците

Централното собрание на Алијанса за Албанците денеска го разреши Арбен Таравари од функцијата претседател на партијата.

„За“ гласале 106 членови, еден од нив бил „против“ и еден отсутен. Таравари одлучи за парламентарните избори да се приклучи кон албанскиот опозициски блок додека Алијанса за Албанците е дел од владината коалиција.

„Неуспешни се напорите на ДУИ и сценаристот Груби да не дефокусираат „чија е партијата“.

Од денес повеќе не се занимаваме со оваа работа. Секој што има поплаки нека се обрати до Судот.

Нашата кауза е промената што започнува!“, објави набрзо потоа Таравари, кој не присуствуваше на седницата на Собранието.

За седум дена од денес закажан е Конгрес на кој ќе се бира нов партиски лидер.

Треба да знаете
Последни објави