Search

Хотел во Сплит е евакуиран поради истекување на хлор, две лица завршиле во болница

Денеска, дошло до истекување хлор во сплитскиот хотел „Радисон блу“ во собите поврзани со базенот по што две лица биле пренесени во сплитската болница и организирана е евакуација на персоналот од хотелот, соопшти сплитската полиција.

Денеска, околу 12.20 часот имало истекување хлор во просториите на хотелот во собите поврзани со базенот. Полициски службеници го обезбедуваа местото на настанот. Сите евакуирани, вработени и гости, ја напуштија областа околу хотелот. Две лица се пренесени за укажување лекарска помош. Заради спречување и заштита на граѓаните, затворен е дел од патот, соопшти сплитската полиција.

„Дневник.хр“ пишува дека истрага ќе биде спроведена кога ќе се исполнат условите за тоа.

„Две лица беа примени преку нашата итна служба. 60-годишен маж развил симптоми на отежнато дишење и иритирачка кашлица. Во овој момент лекувањето сѐ уште е во тек, пациентот е надвор од животна опасност, но со оглед на наодите што стигнаа до нас, ќе биде задржан во болница за понатамошна опсервација на клиничката состојба. 20-годишната жена е примена на лекување, но со многу поблаги симптоми, а по завршувањето на лекувањето, ќе биде отпуштена на домашна нега“, соопштија од КБЦ Сплит.

Треба да знаете
Последни објави