Search

Си-Ен-Ен: Врховниот суд ќе му дозволи на Трамп да биде на гласачкото ливче

Дерек Мулер, експерт за изборно право на Правниот факултет Нотр Дам, кој поднесе неутрален бриф во кој ги анализираше клучните правни прашања, откако Врховниот суд на САД ги слушна усните аргументи рече дека судиите најверојатно ќе го вратат Доналд Трамп на гласачкото ливче во Колорадо.

„Судиите се чинеше дека се загрижени дека една држава може да влијае на целиот процес на претседателски избори и дека е потребно одредено водство од Конгресот пред да се преземе таква вонредна мерка“, рече Мулер, додавајќи дека изгледа „дека Судот е склон да дозволи политичките процесот се одвива“.

Мулер рече дека неколку судии изразиле непријатност поради тоа што државите ја спроведуваат забраната без некакви насоки од Конгресот.

„Не е изненадувачки да се види како судиите изразуваат непријатност поради сугестијата дека Врховниот суд на Соединетите Држави треба да влезе во овој вид фактичко и правно мочуриште“, рече Милер.

Поранешниот претседател Доналд Трамп ги даде своите забелешки откако Врховниот суд на САД ги сослуша усните аргументи во случајот за неговата подобност да биде на претседателското ливче.

„Добрата вест е дека водиме во речиси секоја анкета“, рече Трамп во коментарите од неговата резиденција на Флорида.

Треба да знаете
Последни објави