Search

Петровска за црните листи: Ако велиме дека сакаме да се бориме со корупцијата, зошто да одбиваме помош од странска земја која ни дава докази за овие проблеми

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на денешното гостување во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 телевизија, истакна дека последната верзија на Законот за рестриктивни мерки е веќе во Собранието на усогласување и таа очекува истиот да биде донесен.

„Сметам дека законот за рестриктивни мерки треба да се подобри, ако постои простор или ако има се уште некоја аномалија која многу поискусните правници од мене ја воочуваат во делот на колизија со другите законски прописи, апсолутно има постапки сега во Собранието, може да се интервенира, може да се подобр. Меѓутоа ако ме прашувате дали треба да се прошири со таканаречените црните листи, апсолутно да треба да се прошири“, истакна таа.

Министерката додаде дека таа е и по малку разочарана од оние кои се противат на ваквата одлука, затоа што доколку велиме дека сакаме да се бориме со корупцијата, не треба да одбиеме помош од некоја странска држава или држави кои со докази ни ги посочуваат проблемите во општеството.

. Ако сите ние велиме дека ни е преку глава од корумпираните политичари, ако велиме ни е преку глава од корупцијата која што е широко распространета во државата, и ако велиме дека треба да го подобриме системот, кој треба да се бори против таа корупција во која се и судовите и обвинителите и апсолутно агенциите кои работат на таа проблематика, и кога една држава со која што сте сојузник или две, затоа што со законот се проширува за две држави, ви помагаат со тоа што ви даваат докази кои вашите органи, од причини ним добро познати, не ги обезбедиле и не отвориле постапк, значи ви го скратуваат патот и велат еве ги доказите, процесирајте ги во вашите судов. Ние велиме превентивно како дел од рестриктивните мерки, сметаме дека треба да биде и проширувањето со тие така наречени црни листи. Тогаш зошто е проблемот? Зошто се буниме? Затоа што некој друг ни доаѓа да ни помогне, кога велиме дека системот има дупка?“, децидна беше Петровска.

Треба да знаете
Последни објави