Search

Курти на вонредната седница на СБ на ОН: Одредбата за еврото не е насочена против Србите

Косовскиот премиер Албин Курти на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека Косово се гради како мултиетничко општество на сите, засновано на демократија и владеење на правото.

-За да воспоставиме демократски институции воспоставивме соработка со голем број важни фактори и го насочивме растот на економијата за да покажеме како економскиот напредок и демократијата можат да одат рака под рака – рече Курти.

Курти рече дека Приштина ги споделува плодовите од напредокот со припадниците на малцинските заедници, како и дека милиони евра се насочени кон српските општини за бројни проекти.

Иселувањето на српското население од Косово го објасни со барање подобри економски услови, главно во Западна Европа, а не, како што рече, со „наводно етничко чистење“, пренесува РТС.

Претседателот на привремените институции во Приштина рече и дека Србија е единствената земја, заедно со Белорусија, која не воведе санкции кон Русија по нападот на Украина.

Зборувајќи за воведувањето на еврото како единствена валута, Курти рече дека оваа одредба во никој случај не ги спречува српските власти да им помогнат на косовските Срби, туку овозможува транспарентност на јавните финансии.

-Ќе направиме се за да обезбедиме косовските Срби да продолжат да добиваат помош од властите во Србија. Посветени сме на изнаоѓање на најдобри начини овие трансакции да продолжат – рече Курти.

Треба да знаете
Последни објави