Search

Коњуфца: Србија го користеше динарот за да ги уценува косовските Срби

Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца изјави дека укинувањето на српскиот динар како валута во Косово помага за интеграција на српската заедница во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Пред почетокот на денешната собраниска седница, Коњуфца изјави пред медиумите дека со внесувањето на динарот, српскиот претседател Александар Вучиќ преку најголемата партија на косовските Срби, Српска Листа, ги уценувал граѓаните на оваа заедница во Косово. Според него, динарот служел и како средство и за корумпирање на луѓето, со оглед дека се исплаќале пари во готово, немало никакви списоци, никој не сносел одговорност. – Динарот беше инструмент што некој го носеше физички од Белград, со комбе, а таму некои функционери на Вучиќ преку Српската листа, одеа по куќите и ги делеа парите, ќе те погледнеа намуртено и ќе ти побараа верност. Ова е физичката причина за распределбата на динарот. Тоа не е едноставна битка за благосостојба, рече Коњуфца. Според него, тоа е практично вршење на притисок од Српската листа и Белград врз секое српско семејство во Косово. – Поради оваа причина, беше неопходно нашата држава да го среди тоа. Ова ја помага интеграцијата затоа што ја погодува токму физичката манипулација што им се прави со одењето кај луѓето во семејствата за да ги прашуваат на која страна се политички, рече Коњуфца.

Треба да знаете
Последни објави