Search

ЕК со истрага против грчката ППЦ чија ќерка компанија е во трка за наш универзален снабдувач

Европската комисија го информирала грчкиот дистрибутер на електрична енергија Јавната електроенергетска корпорација (ППЦ) дека ги прекршиле антимонополските регулативи на ЕУ со продавање на елекрична енергија на грчкиот пазар за електрична енергија под цената на чинење, со што ги исклучила нејзините главни конкуренти.

Комисијата е загрижена дека меѓу 2013 и 2019 ППЦ ја злоупотребила доминантната позиција на грчкиот пазар за електрична енергија на големо со обезбедување на електрична енергија произведена од нејзините термоцентрали на јаглен и гас по цена пониска од реалната цена на чинење.

Сонежот е дека ефектите од ваквото наводно однесување на грчкиот пазар на големо за електрична енергија биле дека независните провајдери на електрична енергија биле маргинализирани и одвараќало од инвестирањето во поеколошки изворите на енергија. Ова можело да ги спречи независните диструбутери на електрична енергија од проширување на малопродажно ниво, спречувајќи ги напорите за либерализација на пазарот на мало што беше формално завршен во јули 2013 година. Затоа, однесувањето на ППЦ можеби довело до повисоки цени за грчките потрошувачите, како и до повисоко ниво на емисии на загадување на локално ниво.

Инаку, Грчки ППЦ требаше да го гради  Чебрен, но по Нова Година договор со компанијата пропадна. Исто така,  фирма ќерка на ППЦ која функционира на македонскиот пазар,  ЕДС се јави на повикот за избор на нов Универзален снабдува. ЕДС е познат трговец со струја во државава.

Треба да знаете
Последни објави