Search

Сончево и топло, до 20 степени

Утрово ќе има услови за појава на мaгла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец. Преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 15 степени.

Според УХМР, до сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од недела под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд и благо опаѓање на температурата.

Треба да знаете
Последни објави