Search

Бројот на загинати во пожарите во Чиле се искачи на 122 лица, стотици луѓе се водат како исчезнати

Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат низ централно Чиле се искачи на 122 лица, а екипите за брза помош сè уште наоѓаат тела закопани во урнатините три дена по избувнувањето на пожарот.

Пожарникарите и војската ги расчистуваат урнатините во станбените области на крајбрежните градови Валпараисо и Вина Дел Мар, каде пожарот за неколку минути ги зафати домовите, пренесува Ројтерс.

Пожарите што избувнаа во централниот дел на Чиле на крајот на минатата недела се разгореа и се проширија во текот на викендот, пустошејќи ги крајбрежните градски зони Вина дел Мар и Валпараисо.

Стотици луѓе се водат како исчезнати, а околу 14.000 куќи се оштетени.

Треба да знаете
Последни објави