Борис Бекер повеќе не е тренер на Холгер Руне

Германскиот стручњак Борис Бекер објави дека повеќе нема да биде тренер на данскиот тенисер Холгер Руне.

Германецот пред Руне го тренираше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со кого соработуваше од 2013 до 2016 година.

-Оваа соработка ја започнавме со цел да стигнеме до завршниот АТП Мастерс минатата година, но за да биде успешна соработката во иднина, сфатив дека ќе треба да му стојам на располагање на Холгер многу повеќе отколку што беше случај досега. Поради лични и професионални обврски, не можам да му дадам на Холгер тоа што го сака во моментов. Му посакувам се најдобро и секогаш ќе бидам негов фан број еден. Навистина го ценам нашето заедничко патување – објави Бекер на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави