Над 30.000 автомобили во Србија на технички преглед доаѓаат со намалена километража

Измамата со километражата е една од најчестите измами на пазарот на половни автомобили. Враќањето на километражата е релативно евтин и едноставен процес, па можеби не треба да чуди статистиката која вели дека повеќе од 30.000 автомобили во Србија пристигнале во техничкиот сервис со помалку километри од претходната година.

На околу 5,3 отсто од сите возила што биле проверени на carVertical во Србија им била вратена километражата. Иако бројот на измами на километражата може да сугерира забележливо намалување во споредба со претходната година, овој резултат се должи на подобрената способност на платформата да идентификува измама и ефикасно да ја разликува од рутинските грешки при дигитализација на податоците, пишува нова.рс.

Истражување на автомобилската компанија за податоци carVertical ги открива земјите во кои купувањето половен автомобил е најризично. Наречен Индекс на пазарна транспарентност, студијата ги рангира земјите користејќи повеќе мерки за да ги одреди оние со највисоки нивоа на транспарентност.

На европско ниво, во една анализа, Србија е на осумнаесетото место од 25 земји по враќање километража. Овој тренд е забалежлив во сите балкански земји.

Во Велика Британија, 2,7% од автомобилите имаат изменеа километража, во Германија – 3,4%, Швајцарија – 2,4%, Данска – 4,1% и Франција – 3,3%, што е значително подобро отколку во другите земји во Европа, пренесува дневник.рс.

„Западните пазари и скандинавските земји се генерално потранспарентни од земјите на источноевропско тло, главно поради построгите закони, помалку увезени користени автомобили и повисокиот БДП по глава на жител. Земјите со посилни економии имаат тенденција да имаат помлади флоти на возила и помалку измами, бидејќи помалку купувачи се одлучуваат за поевтини автомобили“, вели Матас Бузелис, автомобилски експерт и шеф за комуникации во carVertical.

Земјите од Централна Европа како Словачка и Чешка се некаде помеѓу на Индексот за транспарентност на пазарот: намалувањето на километражата се почести овде отколку во Западна Европа, а стапките на увоз се високи.

Украина, Латвија, Литванија, Естонија, Романија и Полска се најмалку транспарентни пазари меѓу сите испитани земји.

„Стапките на измами во овој регион се поврзани со поголемиот број увезени автомобили, бидејќи податоците за автомобилите често се губат при меѓународни трансакции. Квалитетот на поправките е исто така несигурен, а процентот на оштетени возила е поголем од просекот. Исто така, од гледна точка на законодавството за спречување измами, некои земји не прават доволно за да го заштитат јавниот интерес“, објаснува Бузелис.

Најлоша е ситуацијата во Украина, каде на 8,5 отсто од автомобилите им е поправена километражата, а 49,7 отсто имаат оштетувања. Сепак, Украина има едно од највисоките нивоа на увоз во Европа – 82,4%.

Висок број на увезени автомобили имаат и Литванија, Летонија и Полска: 75,7 отсто, 73 отсто и 59,8 отсто, соодветно.

Треба да знаете
Последни објави