Германските машиновозачи го прекинаа штрајкот порано од планираното

Машиновозачите на германскиот синдикат ГДЛ ќе го прекинат штрајкот порано од планираното, бидејќи преговорите со железницата Дојче Бан ќе продолжат, соопштија денеска двете партии.

Четвртиот штрајк на машиновозачите започна во 2 часот по полноќ во средата поради спорот за платите и часовите и требаше да трае до понеделник навечер.

Синдикатот, сепак, соопшти дека ќе го прекине штрајкот во товарниот сообраќај во недела во 18 часот, а патничкиот во понеделник во 2 часот по полноќ.

„Преговорите конечно се вратија на вистинскиот пат“, рече директорот за човечки ресурси на Дојче Бана, Мартин Цилер, додавајќи дека патниците сега можат безбедно да ги планираат своите патувања и дека вработените може да очекуваат зголемување на платите.

Треба да знаете
Последни објави