Search

Мајкрософт отпушта 1.900 работници

Оваа недела, Мајкрософт отпушта 1.900 вработени во Activision Blizzard и Xbox, објави веб-страницата за вести Verge.

Тоа претставува околу осум проценти од работната сила на одделот за видео игри и најмногу влијае на Activision Blizzard, се вели во извештајот, кој цитира внатрешен меморандум од шефот за игри Фил Спенсер.

Во извештајот се додава дека претседателот на Blizzard Мајк Ибара и директорот за дизајн Ален Адам ја напуштаат компанијата, додека претходно најавената игра за преживување на Blizzard е откажана.

Веста доаѓа неколку месеци откако Мајкрософт склучи договор вреден 69 милијарди долари за купување на Activision Blizzard, зголемувајќи го своето влијание на пазарот на видео игри со најпродаваните наслови, вклучувајќи го и Call of Duty, за да се натпреварува со лидерот на пазарот Sony.

Неколку други големи компании, вклучувајќи ги Alphabet, Amazon и eBay, исто така укинаа илјадници работни места во последните недели за да ги намалат трошоците и да ја зголемат профитабилноста.

Севкупно, повеќе од 21.000 работници биле отпуштени во 76 технолошки фирми во јануари, според веб-страницата за следење на пазарот на труд Лејофс.

Треба да знаете
Последни објави