Search

Израел го обвини Катар дека е одговорен за масакрот кој го изврши Хамас на 7 октомври

Израел го обвини Катар за нападот на Хамас на 7 октомври, по кој започна војната во Газа. Острата реторика започна кога израелскиот министер Бенјамин Нетанјаху рече дека иако улогата на Катар е проблематична, а Доха одговори дека Нетанјаху е позагрижен за сопствената кариера отколку за спасувањето на заложници кои ги држи Хамас, пишува ДејлиТелеграф. На ова возврати израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич велејќи дека Катар е „покровител на Хамас и во голема мера е одговорен за масакрот извршен од Хамас врз израелските граѓани. Катар е земја која го поддржува тероризмот и го финансира тероризмот“. Катар учествуваше во преговорите за замена на заложници меѓу Израел и Хамас во ноември и помогна да се постигне еднонеделно примирје со што беа ослободени 105 заробеници од кои повеќето беа израелски граѓани и деца. Се смета дека Хамас држи уште 132 лица во заробеништво.

Треба да знаете
Последни објави