Search

Националниот џез оркестар ќе го одржи првиот концерт

Националниот џез оркестар вечер во 20 часот ќе го одржи својот прв концерт во просториите на Националната опера и балет.

Со овој концерт, како што соопшти Националниот џез оркестар, кој ќе претставува еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации, свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот.

За месеците кои следат, новата национална установа подготвува внимателно избран репертоар кој ги следи актуелните трендови во џез музиката, но вклучува и изведби на џез класици од домашната, регионалната и светската џез сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња, наведуваат оттаму. 

Треба да знаете
Последни објави