Search

ЕП ракомет: Германија против Унгарија во дербито на 4. коло од Групата 1

На Европското ракометно првенство во Германија денес на распоредот се натпреварите од 4. коло во Главната фаза во Групата 1. Во дербито на колото, домашната репрезентација ќе се соочи со Унгарија. За двете селекции овој натпревар може да биде одлучувачки околу пласманот во полуфиналето.

Двојки за 4. коло:

15:30 часот Хрватска – Исланд

18:00 ч. Франција – Австрија

20:30 ч. Германија – Унгарија.

Табела: Франција 6 бода, Унгарија и Австрија по 4, Германија 3, Хрватска 1, Исланд 0.

Двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

Од Групата 2, полуфиналисти се Данска и Шведска.

Треба да знаете
Последни објави