Search

Претседателката на Палмеирас забрани прес-конференција за машки новинари

Претседателката на бразилскиот фудбалски шампион Палмеирас одржа прес – конференција на која им забрани присуство на машките новинари, со цел како што рече „мажите да почувствуваат како жените се чувствуваат цел живот“

„Кога ја најавивме оваа прес – конференција, многумина ме прашаа „зашто само жени? На мажите им порачувам да не бидат хистерични. Нели е токму истото тоа кое тие нам обично ни го говорат“, рече 59-годишната клупска претседателка Леила Переира.

На прес – конференцијата која Переира, бизнисменка со правно и новинарско образование, ја организираше претходно оваа недела присуствуваа новинарки, додека во салата им беше дозволен влез само на мажи фоторепортери на кои им беше забрането да поставуваат прашања.

Переира, која во 2021 година стана првата жена претседател во 110-годишната историја на Палмеирас, рече дека не бара привилегии за жените, туку само еднакви можности во спортот во кој доминираат мажите.

„Одам на состаноци, а таму се само мажи. Кога свикувам прес – конференции, гледам 30 мажи и две до три новинарки. Се чувствувам целосно сама“, наведе претседателката на Палмеирас. 

Треба да знаете
Последни објави