Search

Зеленски го покани Трамп да го посети Киев ако може да ја прекине војната за 24 часа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го посети Киев, но под услов Трамп да може да ја прекине војната со Русија во рок од 24 часа, како што еднаш вети.

Во интервју за британскиот Канал 4 њуз, Зеленски рече дека Трамп може да го посети Киев доколку може да ја прекине војната за 24 часа, додавајќи дека сака да знае каква формула има поранешниот американски претседател за завршување на војната, пренесува Политико.

Порталот пренесува дека Трамп изјавил дека доколку е претседател, може веднаш да ја заврши војната со влијание врз Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин да се договорат за спогодба, наведувајќи дека има добри односи со двајцата лидери.

„Политико“ додава дека Трамп во моментов води на американскиот претседател Џозеф Бајден во анкетите во неколку клучни американски држави, како фаворит пред претседателските избори оваа година.

Треба да знаете
Последни објави