Search

(Видео) Тешка повреда на скијачката Петра Влхова

Петра Влхова се здоби со тешка повреда за време на велеслаломот од Светскиот куп во Јасна, ски-центар во Словачка на само 12 километри од нејзиниот дом.

Иако падот не изгледаше особено силен, Влхова се лизна во заштитната ограда, каде што и се заглави скијата, поради што и настрада скочниот зглоб.

Трката беше прекината на дваесет минути, додека скијачката беше имобилизирана и префрлена во хеликоптер кој ја однесе во болница.

Влхова е актуелен олимписки шампион во слалом и поранешен севкупен победник на Светскиот куп и Светскиот шампионат во велеслалом.

Во генералниот пласман на Светскиот куп оваа сезона со 802 бода го држи второто место зад Микаела Шифрин, но можно е денешната трка да и биде последна во сезоната.

Треба да знаете
Последни објави